На инспектор во Секторот за внатрешни работи Охрид, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од пет месеци, бидејќи не ги извршил совесно работните задачи, соопшти МВР. Парична казна во износ од 10% од месечната плата во траење од три месеци заработи и полициски службеник од Полициската станица во Струга, затоа што го напуштил работното место. Парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од пет месеци изречена му е и на помошник командир во полициска станица за гранична контрола Ќафасан, кој како што соопшти МВР, возел возило со неуредна документација.

Во текот на изминатата недела по спроведена дисциплинска постапка, МВР донесе 34 решенија против 34 вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите од Колективниот договор на МВР.

OhridNews
извотр: МВР