Мерките, пред се, биле насочени кон регистрирање на прекршоци за гласна музика, односно кон заштита од бучавата, како и присуство на малолетни лица во угостителските објекти и просториите за забава после 24 часот и точење алкохол на малолетни лица.
Притоа, извршена е контрола во кафе-барови и летни тераси во централното градско подрачје, но и во околните ноќни клубови. По извршеното мерење на бучавоста, во десет угостителски објекти во Охрид и еден угостителски објект во Струга, констатирани се прекршоци согласно Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, односно забележано е нарушување на јавниот ред и мир со гласна музика и користење на музички инструменти.
По изготвените записници од полициските службеници, против овие правни лица, ќе бидат поднесени соодветни прекршочни пријави, информираат од СВР- Охрид.