Во изминатите две недели, по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 15 решенија против исто толку вработени во МВР, поради сторени повреди во работењето во согласност со колективниот договор.

Меѓу санкционираните се и тројца полициски службеници, вработени во СВР Охрид. За едниот од нив, од страна на МВР било донесено решение за писмена опомена, затоа што постапувал спротивно на правилата и прописите на Министерството. На останатите двајца им била изречена  еднократна парична казна во износ од 15% од месечната плата, бидејќи  не постапиле совесно со средствата за работа и поставените работни задачи.

Ohridnews
Извор: МВР