Од синоќа од 23 часот до утринава до 4 часот на подрачјето на СВР Охрид, реализирани се сообраќајни контроли.

Полициските службеници во Охрид евидентирале и санкционирале 28 возачи кои управувале моторно возило со поголема брзина од дозволената. Девет од нив биле надвор од населено место, а деветнаесет во населено место, информираат од СВР Охрид. 

На територијата на цела држава  санкционирани се 520 возачи за управување моторно возило со брзина над дозволеното. Од нив, 48 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а осум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 246 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 274 надвор од населено место.

 

 

OhridNews