Извршена е санација на демолираното повеќенаменско игралиште информираат од ЈП Билјанини извори.
Поставивме четири нови обрачи и два нови голови опремени со мрежи. Ги замолуваме корисниците да се однесуваат одговорно и да не ги оштетуваат истите бидејќи тие се поставени во нивна служба и на сите граѓани на Охрид, велат од ЈП Билјанини извори.
Спортските реквизити и инфраструктурата беа оштетени од поединци, а од претпријатието во повеќе наврати упатуваат апели до граѓаните да се внимава на опремата и да се престане со деструктивното однесување.
OhridNews