Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ со помош од градежната фирма „Горичко“ го исчисти шутот, кој долги години стоеше на кошаркарските терени на спортско рекративниот центар.


– И јас како граѓанин на Охрид сакав да се приклучам и помогнам за санирање на сето тоа ѓубриште на спортско рекреативниот центар. Заедно со Општината и Ј.П. „Билјанини Извори“ најдовме начин како јас и мојата фирма да помогнеме и конечно Охрид да добие чист и уреден центар каде сите граѓани ќе можат да ги користат сите услуги. Се надевам дека во иднина сите фирми или граѓани кои се можност ќе помогнат за развивање на спортот во Охрид – рече Љупчо Наумовски.


Со расчистувањето на ѓубриштето на спортско рекреативниот центар Општината го најави проектот, кој неодамна пред охриѓани го презентираше градоначалникот Никола Бакрачески. 

– Заедно со „Комуналец“ и Ј.П. „Билјанини Извори“ започнавме со расчистување на спортско рекреативниот центар од сиот оној градежен шут, кој се собирал долги години. Ова е само најава за тоа што следува и конечно можеме да кажиме дека стартувавме со реализација на проектот модерен спортски центар во Охрид. На големо задоволство на охриѓани двете фирми најдоа заеднички јазик и со заеднички сили ќе го вратат сјајот на спортско рекреативниот центар – потенцираше секретарот на Општина Охрид, Димитар Спасески.


Кошаркарските терени на спортско рекреативниот центар „Билјанини Извори“ ќе добија рефлектори и охриѓани ќе можат да ги користат во доцните вечерни часови.

Мх.П.