-По налог на Општина Охрид, големите оштетувања на бекатонските плочки се санирани, односно истите се заменети со нови бекатонски плочки, при што кејот го доби својот стар изглед.-велат од Ј.П.”Охридски Комуналец”.
Од таму објаснуваат дека, наредни локации каде што ќе се вршат поправки се улиците “Македонски Просветители” и “7-ми Ноември”. Санирањето на тротоарите и патеките е дел од планираните пролетни активности на градежните екипи на претпријатието.