Големиот дефект на водоводната мрежа што се случи синоќа на булеварот Туристичка во близина на стадионот Билјанини извори, попладнево е саниран, информира ЈП Водовод.

По повеќе од 15 часа макотрпна работа, екипите на ЈП ВОДОВОД Охрид целосно ја завршија санацијата на големиот дефект на Бул.Туристичка и водоснабдувањето се нормализира, соопшти ЈП Водовод.

Г.М.