Поради безбедносни причини саниран фасадниот ѕид до главниот влез на објектот „Развигорче“. Од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ информираат дека при увид во објектот забележано е дека фасадниот ѕид има оштетување, по што се преземни мерки за санација.
Ѕидот се наоѓа до главниот влез за примање и испраќање на децата. Исто така влезот го користат и вработените на градинката и родителите кои секојдневно ги носат и земаат децата од градинка. Во попладневните часови децата кои живеат во близина на градинката исто така го користат дворот на градинката за детски игри и спорт. Од тие причини, а во насока на зголемување на безбедноста направена е санација од страна на професионални мајстори, посочуваат.
Воедно информираат дека постојано се врши надзор за состојбата на објектите и дворните површини.
Н.С.Ј.