Eкипите на ЈП „Нискоградба“ Охрид викендов извршија санирање на дефектот на канализационата линија на Кеј „Македонија“.

Покрај активностите за санација беше извршено и нивелирање на сите шахти на улицата и асфалтирање на оштетените делови од коловозот, на потегот од крстосницата со улица „Јане Сандански“ до крстосницата со улицата „АСНОМ“, информира градоначалникот Константин Георгиески.

Поради градежните зафати, изминатиот викенд на сила беше забрана за сообраќај на посочените улици.

OhridNews