Изминативе денови екипите на ЈП „Градски Пазар“ спроведоа активности за санација на вертикалната сигнализација и фарбање на автобуските постојки.
Екипа на ЈП Градски Пазар Охрид изврши санација на вертикалната сигнализација во градов, а на одредени места се поставија и нови сообраќајни знаци. Продолжуваме континуирано да работиме на санирање на постоечките и поставување на нови знаци секаде каде што има потреба од нив, информираат од претпријатието.
Воедно, додаваат и автобуските постојки низ градов добија нов сјај.
Екипа на Градски Пазар изврши фарбање на оштетените делови на постојките, додаваат од претпријатието.
Неодамна од страна на екипи на претпријатието беа спроведени и активности за чистење на автобуските постојки во градот како и просторот околу нив, кога беше и упатен апел до граѓаните да допринесат за општото добро на сите и на градот Охрид, со посебна грижа кон јавните добра.
OhridNews