Фудбалерот на Манчестер Сити, Лерој Сане ја започна последната фаза од процесот на рехабилитација од повредата на коленото. Германскиот репрезентативец се повреди на дуелот со Ливерпул во англискиот Супер куп кој означува почеток на сезоната.

Сане се пофали на социјалните мрежи, а информацијата ја потврди менаџерот на „граѓаните Пеп Гвардиола, кој враќање на Германецот најави на крајот на јануари или почетокот на февруари.

Германските медиуми пишуваат дека Сане планира да се опорави до јанаури и да ја притисне управата на Манчестер Сити за трансфер во минхенски Баерн. „Баварците“ во профилот на Сане гледаат лидер на екипата, а дополнителен бонус е репрезентативниот статус на фудбалерот.

23-годишниот фудбалер кариерата ја почна во Шалке, а во 2016 година по барање на Гвардиола фудбалерот се пресели во англиската Премиер лига.

OhridNews