Не ги послужи времето македонските репрезентативци на првиот ден од подготовките во Охрид. На претпладневниот тренинг, по партијата фудбал во салата, следуваа вежби во теретана, а потоа целата експедиција замина на фудбалскиот терен. Само што започна тренингот, невреме го зафати Охрид, но педантниот италијанец немаше попуст за кошаркарите кои и во најголемиот дожд останаа да го одработат тренингот.


– Ние сме овде да работиме, не е важно дали е сонце , дожд, мора да се фокусираме на работата – вели  италијанецот Бенкардино.  

Фото Емилио
М.П.