Американската актерка Сандра Булок знаела да „намириса“ добра улога кога се согласила да глуми во галактичкиот трилер на Алфонсо Куарон. Според медиумите, улогата на астронаутот Рајана Стоун во филмот „Гравитација“, за преживувањето во вселената, не само што и осигурала номинација за Оскар за најдобра женска улога, туку ќе и донесе и заработка од најмалку 70 милиони долари.
Актерката веќе добила 20 милиони долари, а ќе заработи и 15 проценти од продажбата на билетите на кино благајните. Исто така и припаѓа процент од продажбата на сите копии од филмот. Имајќи во вид дека филмот трае 91 минута, некој веќе пресметал дека заработила 769 илјди долари по минута од филмот. Минатата година на листата на Форбс за најплатени актерки го зазела седмото место. Филмот веќе заработил 700 милиони долари ширум светот, а на доделувањето на Оскарите доаѓа со десет номинации.