После женската верзија на „Истерувачи на духови“, најавено е „женско продолжение“ на филмот “Ocean’s 11”, или „Играј на својата игра“, во кој Сандра Булок ќе го замени Џорџ Клуни во улогата водач на опасна екипа составена од крадци. Џорџ Клуни, кој ја играше улогата на главен организатор на спектакуларни кражби, Дени Оушн, во сите три филма во режина на Стивен Содерберг, овој пат ќе се појави во улога на продуцент, иако постои можност и да одигра епизодна улога. Сценариото е доверено на Оливија Милч.

 

Трендот на женски римејкови на познати остварувања започна со филмот „Истерувачи на духови“, кој собра сјајна актерска екипа во која се Мелиса Мекарти, Кристен Виг, Лесли Џонс и Кејт Мекинон. Во женската верзија на „Доктор Стрејнџ“ ќе играат Тилда Свинтон, Џулија Робертс и Шарлиз Терон. Кастингот за женскиот “Ocean’s 11” би требало да биде објавен наскоро. Новиот филм, како и триологијата на Содерберг, е инспириран со истоимениот филм од 1960 година во кој играа некои од најголемите холивудски ѕвезди како Френк Синатра, Дин Мартин, Семи Дејвис Џуниор, Питер Лофорд и Џои Бишоп.