Американските медиуми на големо пишувааот за врската на Сандра Булок и нејзиниот 17 години помлад колега Крис Еванс. Извор за медиумите рекол дека се дружат и се во рана фаза на запознавање. Ништо не дефинирале, но имало обострани симпатии. Гласините за нивната романса се појавиле кон крајот на април, а во меѓувреме се видени како неколку пати заедно одат на вечера.
Се запознале во 2012 година на забава на списанието „Vanity Fair“. Еванс призал дека бил вљубен во Сандра додека растел. Вели дека таа била негова девојка. Се сеќава дека во седмо одделение го гледал филмот „Брзина“ и помислил дека тоа е тоа. Исто така открил дека на ѕидот од својата соба имал постер од популарната актерка. Сандра во 2010 се развела од Џеси Џејмс, а Еванс минатата година ја прекинал врската со актерката Минком Кели.