Холивудската актерка Сандра Булок ја тужи компанијата за часовници „ToyWatch USA“ која наводно го користела нејзиното име за промоција на часовник украсен со дијаманти. Актерката поднела тужба во Санта Моника, бидејќи компанијата промовирајќи го часовникот навела дека ист таков часовник претходно носела Сандра Булок.
Актерката во тужбата исто така тврдела дека се нарушени нејзините јавни права и од судот во Калифорнија побарала финансиска компензација. Според наводите во тужбата, Сандра „нема доброволно да се појави во печатени или други медиуми за компанија или производ доколку таа внимателно не ги одбере и не верува во компанијата или производот и освен ако надоместокот кој го прима не е сразмерен со вредноста на користењето на нејзиното име, фотографии, личности и идентитет“.