Оскаровката Сандра Булок е видена на Менхетен како оди на часови по јога, а таа би и помогнала да се опушти и полесно да заборави на неверниот сопруг и распадот на бракот.

Откако магазинот In Touch Weekly објавил дека сопругот ја изневерува, медиумите веднаш почнале да нагаѓаат дека нивниот брак е при крај.


Ден подоцна, Сандра во службено соопштение го одложила своето доаѓање на лондонската премиера на филмот ‘The Blind Side’ поради неочекувани приватни причини.

Покрај музика и јога, актерката за утеха ја има и малата златна статуетка која ја освои токму за улогата во тој филм.