Актерката Сандра Булок признала дека по распаѓањето на бракот во 2010 година мислела дека никогаш повеќе нема да може да глуми. Мислела дека засекогаш е скршена кога открила дека нејзиниот поранешен сопруг Џеси Џејмс ја изневерувал со манекенката Мишел Мекги.
Главниот јунак на многу филмски хитови сега повторно ќе се врати на глумата. На тој чекор ја наговорил режисерот Стивен Далдри во филмот “Extremly Loud and Incredibly Close”, во кој партнер ќе и биде Том Хенкс.