Сандра Булок неодамна се разведе од неверниот сопруг Џеси Џејмс. Актерката изјавила дека стално има потреба од љубов. Би сакала да посвои уште едно дете. Таа го има осуммесечниот син Луис. Најголем страв и е дека ќе остари сама.
Непознат извор за актерката изјавил дека е спремна да продолжи понатаму. Сака да се заљуби повторно, но повеќе не сака лоши момчиња. Откако дознала за неверствата на поранешниот сопруг се отселила од куќата во која живееле заедно.