Откако во 2010 година се разведе од риалити ѕвездата Џеси Џејмс, кој ја изневерувал, Сандра Булок немаше момче, но сега конечно е повторно вљубена. Американските медиуми пишуваат дека славната актерка се гледа со згоден фотограф, кој ја придружувал и на венчавката на Џенифер Анистон и Џастин Теру.
Извор близок до актерката вели дека момчето на Сандра е фотограф и дека е многу привлечен. Бил страшно згоден, но и се однесувал нормално. Очигледно била многу среќна со него. Изворот додава и дека парот разменувал нежности пред сите присутни на свадбата. Сепак, пријателите на актерката велат дека нејзиниот син Луис, кој го посвои, сеуште и е на прво место во животот.