Холивудската ѕвезда и Оскаровка Сандра Булок денес обелодени дека посвои уште едно дете, девојче старо три и пол години. Славната актерка ја претстави својата ќерка Лејла, фотографирајќи се со неа и синот Луис, кој го посвои во 2010 година, за насловната на списанието Пипл. Гласините за спремноста на Сандра да посвои девојче можеа да се чујат уште пред неколку седмици, но тогаш актерката ги дематнира, кратко изјавувајќи дека во нејзината куќа постои само едно посвоено дете по име Луис.
Малата Лејла живеела со едно семејство кое ја издржувало во Луизијана пред Сандра да ја посвои. Актерката во интервју за списанието изјави дека кога ја гледа Лејла знае дека местото и е покрај неа. Истакна дека доби вистински деца во вистинско време. Актерката објасни дека посвојувањето на Лејла барало многу трпение. Знаела дека се плаши, но се што сакала да знае е дека таа и Луис секогаш ќе бидат покрај неа.