Американското списание Пипл ја прогласи холивудската актерка Сандра Булок за најубава жена во 2015 година. Таа рекла дека не го зема тоа за сериозно. Се смеела на глас кога ја слушнала веста. Сандра, која има 50 години додала дека вистинската убавина е нечујна и дека лицата кои таа ги смета за убави, често се обидуваат да не бидат такви.
Сандра е позната по голем број филмски хитови, меѓу кои „Брзина“, „Мис таен агент“, „Жестоки девојки“, „Гравитација“, „Две седмици за вљубување“ и други, додека комедијата „Веридба“ е нејзин финансиски најуспешен филм. За улогата во драмата „Мртов агол“ од 2009 година освоила Златен глобус за најдобра главна улога, и Оскар за најдобра главна женска улога.