Сандра Булок според скалата на списанието Форбс во последнава година е најдобро платена актерка во Холивуд. Оваа година заработила околу 40 милиони долари, снимајќи само два филма. По Сандра второто место го делат Камерон Диаз и Рисе Витерспун. По нив следуваат Џенифер Анистон и Сара Џесика Паркер.
Анџелина не се наоѓа на оваа листа бидејќи во овој период не се прикажувал ниту еден од филмовите кои ги снимила оваа актерка. Во заработката се вклучени и парите од кампањи, модни линии и активности кои се плаќаат откако филмо ќе започне да се прикажува во кината.