Холивудската ѕвезда Сандра Булок е најплатена актерка според листата на списанието „Форбс“. Иако минатата година снимила само два филма, заработила 51 милион долари. Оваа сума ја должи на успехот на филмот „Гравитација“, кој заработил дури 716 милиони долари на благајните ширум светот.
Втора на листата е Џенифер Лоренс со 34 милиони долари, додека на третото место на листата се нашла Џенифер Анистон, која за една година инкасирала 31 милион долари. Следуваат Гвинет Палтроу, Анџелина Џоли и Камерон Диаз.