Актерката Сандра Булок се појави на црвениот ќилим после долга пауза откако стапи во врска со нејзиниот нов дечко, фотограферот Брајан Рандал.
Таа повторно застана на црвениот ќилим по повод премиерата на нејзиниот нов филм „Our Brand Has Crisis“ на филмскиот интернационален фестивал во Торонто.
Сандра задоволна од соработката со ко-продуцентот Џорџ Клуни, блесна на фестивалот во нов стил со долг црн фустан со интересен дизајн. Булок во нејзиниот најнов филм ја игра улогата на агресивен поранешен стратег за политичка кампања.
51 годишната актерка која плени со нејзиниот младешки изглед, после долго размислување ја прифатила улогата првично наменета за Клуни, иако на почетокот не била заинтересирана.
-Кога ги разгледувавме улогите, сфативме дека можеби е подобро мојата улога да и припадне на Сандра. Се повеќе има недостаток од жени актерки во Холивуд така што можеби ова ќе почнеме почесто да го практикуваме- се пошегувал Клуни.
OhridNews
Извор: mirror.co.uk