Таа никогаш нема да заборави дека ја издаде, но и дал семејство кое отсекогаш го сакала и затоа ќе му опрости, откриле извори блиски на актерката Сандра Булок. Тврдат дека актерката ќе му се врати на Џеси Џејмс, кој ја изневерил со неколку порно актерки.
За неговите афери се дознало откако проговорила порнозвездата Мишел Бомбшел МекЏи, која била во врска со него. Сандра била скршена кога дознала дека и бил неверен, но сега се чини дека се исплатело неговото молење да се смират.