Се зборува дека Сандра Булок ќе му ги прости сите неверства на нејзиниот сопруг Џеси Џејмс, кој ја изневерувал со години. Џеси неодамна во една емисија ја молел Сандра да му прости откако со цела Америка ја поделил својата тажна приказна за несреќното детство во кое бил малтретиран.


По тоа наводно Сандра одлучила да му даде втора шанса.Актерката пред неколку месеци одлучила да се разведе од него откако во јавност излегле неговите бројни љубовни афери. Прва за тоа проговорила Мишел Бомбшел МекГи, а по неа и уште неколку девојки со кои Џеси бил во врска.