Актерот Рајан Рејнолдс кој неодамна се разведе од актерката Скарлет Јохансон, и Сандра Булок, која минатиот јуни се разведе од Џеси Џејмс, заедно ја прославиле новогодишната ноќ. Рајан очигледно не губел ниту миг во патење по поранешната сопруга, па новата година ја започнал во убаво и пријатно друштво.
Тој Новата година ја дочекал со Сандра во нејзиниот локал “Besse” во Тексас. Очевидци рекле дека делувале многу среќно и задоволно. Рајан и Сандра, која е дванаесет години постара од него, околу два часот по полноќ се упатиле во непознат, но ист правец. По се изгледа дека на повидок е нова љубовна приказна.