Сандра Булок и нејзиниот неверен сопруг Џеси Џејмс и официјално се развеле по потпишувањето на документите околу разводот. Актерката по разводот планира да го заврши процесот на посвојување на синот Луис за кој ќе се грижи како самохрана мајка. Таа веќе некое време не се појавувала пред медиумите по дознавањето за аферите на нејзиниот сопруг.
Таа пред извесно време се отселила од заедничкиот дом, а сега и официјално се развела. Со сопругот процесот за посвојување го започнала пред четири години, но одлучила да ја крие таа вест додека се не се заврши.