Холивудските актери Сандра Булок и Кијану Ривс после 17 години пријателство започнале љубовна врска. Тие биле само добри другари кои се храбреле во најтешките животни ситуации, а сега конечно си дале можност и за нешто повеќе. Извор близок до парот изјавил дека сите оние кои не знаеле дека тие двајца се заедно, можеле во тоа да се уверат минатиот месец, кога биле на заедничка вечера. Прекрасно им било заедно и поголемиот дел од времето го минувале игнорирајќи ги другите и посветувајќи се на самите себе.

Сандра Булок и Кијану Ривс заедно глумеле во неколку филмови, меѓу кои и во хитот „Брзина“. Кога Сандра минатата година се развела од Џеси Џејмс, Кијану бил еден од ретките пријатели на кои им дозволила да ја посетуваат. После разводот Сандра била поврзувана со Рајан Рејнолдс, а Кијану бил во врска со Шарлиз Терон.