Сандра Булок минатата седмица откри дека поднела барање за развод на бракот од Џеси Џејмс. Британските медиуми пренесуваат дека сопружниците оваа седмица ќе ја става на продажба заедничката семејна куќа која се наоѓа на Лонг Бич, во која живееле од 2005 година.
Цената на нивниот имот изнесува околу 5 милиони долари, а агентите во последниве неколку дена водат се повеќе луѓе на разгледување на куќата. Сандра во меѓувреме се врати во својот холивудски дом, а се погласни се озборувањата дека ќе се пресели во Њу Орлеанс за да може на мир да го одгледува посвоениот Луис.