Сандра Булок уште еднаш покажала дека е една од великодушните актерки. Имено, донирала милион долари на американскиот црвен крст за жртвите на земјотресите и цунамите во Јапонија. Откако катастрофата ја погодила Јапонија, тоа е најголема донација на познатите личности за Јапонија.
Останатите познати личности ги користат друштвените мрежи како би ги поттикнале своите обожаватели да се одлучат да им помогнат на жртвите во Јапонија. Досега со помош на обожавателите бил собрани вкупно 2,6 милиони долари. Сандра Булок слична донација имала и за жртвите на земјотресот на Хаити.