Добитничката на Златниот Глобус за најдобра актерка им се придружи на низата славни личности кои се одлучија да им помогнат на жртвите од земјотресот на Хаити.Се проценува дека животот го загубија околу 200 илјади луѓе, а повеќе од 1,5 милиони останале без своите домови. Американските медиуми пренесуваат дека Сандра Булок донирала околу 700 илјади евра на една хуманитарна организација која се грижи за жртвите од земјотресот.
Донацијата на актерката наводно е идентична на оне кои претходно ги дадоа Џорџ Клуни и Анџелина Џоли и Бред Пит. Бразилската манекенка Жизел Бундшен била нешто подарежлива. Наводно дала околу еден милион евра, додека Мадона донирала повеќе од 1,5 милиони. Освен донациите, славните личности се вклучиле и во собирање донации преку телефонски линии.