Веќе 8 години живее и студира музикологија во Германија на универзитетот “Јустус Либег“ во Гисен, а живее во Штутгард.
“ Ова е факт дека сум се определила моја иднина да биде музиката и за таа цел после Охрид фест минатата година настапив и на Мак Фест со “Несакам да знам“ кога и ја направив првата соработка со Дојчин, автор во кој многу верувам.“
Сама ги поминува лавиринтите на животот, затоа покрај тоа што студира и работи за може да заштеди и да вложи во својата кариера.
И не само песната има и други причини за Слади да ја гледаме на Охрид фест: “ Дружењето. Организацијата. Неможам ни сама да опишам како се чувствував тие четири денови. Бев опкружена со прекрасна атмосфера која верувајте сеуште ми недостасува. Прекрасни луѓе, дружба со колегите, а никаде на светот организаторите на посветуваат толку внимание на учесниците за да не им фали ништо. Со еден збор бајка.“
До година очекува да ги заврши започнетите студии а после нив: “ Доаѓам повторно на Охрид фест и планирам да останам подолг период во Македонија и во план ми е да го издадам мојот прв албум на кој ќе се работи чекор по чекор. А екипата со која ќе го работам…..ајде некаде остане засега тајна“- ни рече шармантнтата Слади која ги поминува последните денови од нејзиниот одмор во родното Куманово пред да се врати ви Германија.