Португалскиот играч за врска Ренато Санчез (24) ги напушти редовите на Лил и кариерата ќе ја продолжи во францускиот првак ПСЖ, објави клубот од Париз.
Санчез потпиша договор до 2027 година, а вредноста на трансферот се проценува на десет милиони евра.
Сигурен сум дека го направив вистинскиот избор. Го избрав ПСЖ бидејќи мислам дека е најдобриот проект за мене. Останувањето во Франција ми беше важно, бидејќи веќе ја познавам оваа лига, изјави Санчез за клупскиот сајт на ПСЖ, кој изминатите три сезони настапуваше за Лил.
OhridNews