Патот Струга – Дебар од денеска ќе биде затворен за сообраќај во периодот од 10 до 14 часот поради санација на свлечишта.

Ќе има комплетно затворање на овој дел од патот, секој ден од 10 – 14 часот во следните 6 месеци, информираат од АМСМ.

Според информацијата на изведувачот, ќе се санираат свлечишта на 19+500 километри, кај селото Глобочица и 24 километри, кај селото Луково на регионалниот пат Р1201 делница Струга – Дебар.

Градежните активности ќе ги изведува Друштво за градежништво „Пелагонија” АД Гостивар.

OhridNews