Малата држава Сан Марино во иднина строго ќе ги казнува возачите кои ќе се затекнат со цигара зад воланот. Ним им следува казна во висина од 100 евра. Со истиот износ ќе се казнуваат возачите со слушалки во ушите или со вклучен мобилен телефон.
Државата од 28.000 жители на западните планини Монте Титано, ги воведе споменатите казни за да го зголеми степенот на сигурност на своите патишта.