Кошаркарите на Сан Антонио Спарс ги дели само уиште една победа до пласман во големото финале во НБА play-off, откако ноќеска славеа на теренот на Јута со 91:79, за водство во западното финале од 3:1.
Најефикасен кај победничкиот тим беше Ману Џинобили со 22 поени, Данкан уфрли 19 и имаше 9 скока.
Пласманот во големото финале “спарси” можат да го обезбедат веќе на следниот натпревар што се игра на 30 мај во Тексас.
На истокот Детроит има предност над Кливленд од 2:1, кој е домаќин на четвртиот натпревар што се игра вечерва.
Г.М.