Кошаркарите на Сан Антонио се пласираа во големото финале откако ноеќеска славеа над Јута со 109:84 и со вкупен резултат од 4:1 се пласираа во разигрувањето за шампионскиот прстен во најсилната лига на светот.
Дека спарси се за класа подобра екипа од џезерите во моментов, говори фактот што во петтиот натпревар од западното финале Тим Данкан одигра само 9 минути, а Ману Џинобили ’21, притоа постигнувајќи 14 поени.
Сан Антонио одморен ќе го чека противникот во големото финале бидејќи за разлика од западот, на истокот дуелот помеѓу Детроит и Кливленд е крајно неизвесен. Серијата е израмнета 2:2, а петтиот натпревар се игра вечерва во Детроит.
Г.М.