Ману Џинобили постигна 27 поени во 4-та последователна победа на Сан Антонио над Кливленд, втора на гости, по што започна славењето на четвртиот шампионски прстен на тимот од Тексас во НБА лигата.
„Метлата“ Сан Антонио ја компјетираше со тесна победа од 83:82 во уште еден драматичен натпревар во кој одлучи и искуството и квалитетот на спарс.
MVP, најкорисен играч во финалето е Тони Паркер, кој синоќа постигна 24 поени.
Со 4-тата титула од 1999г., трета во пет години, Сан Антонио им се придружи на Бостон, Лејкерс и Чикаго кои се единствени тимови во НБА кои имаат 4 или повеќе титули.
Г. Момироски