Поротата одлучи дека компанијата Самсунг копирала патентирана технологија од Епл, а поради тоа мора да и исплати оштета во висина од 1 милијарда долари.


Главен аргумент на Епл 
Судењето започна во Април 2011 кога Епл поднесе тужба за Самсунг поради наводно прекршување на четири дизајни и три софтверски патенти. Од Епл бараа $2,5 милијарди долари оштета, а Самсунг возврати со контратужба во која се тврдеше дека и Епл ги прекршил нивните патентни права.