Јужнокорејскиот гигант се надева дека нивниот нов уред кој ќе биде претставен на 4ти септември во Берлин ќе ја зголеми предноста пред нивниот конкурент “Apple”.


Неофицијални извори тврдат дека овој часовник ќе биде главен додаток на нивниот паметен телефон, а на неговиот екран ќе можат да се прифаќаат повици, читаат пораки и да се сурфа на интернет.

Многу експерти тврдат дека овие “паметни” часовници ќе бидат следниот вид на производи кои ќе станат тренд, но и нужност за сите корисници на новите генерации паметни телефони.