По серијата инциденти јужнокорејската компанија „Samsung Electronics“ го запре производството на моделот „Galaxy Note 7“, јави „Ројтерс“.
Поради проблемот со самозапалување на уредот, продажбата на „Galaxy Note 7“ ја запреа големи телефонски оператори во САД и Австралија, откако американски авион слетал принудно поради чад кој излегувал од уредот. Рекламните агенции кои го промовираа овој модел како најдобар андроид уред ги повлекоа препораките.
Од компанијата изјавиле дека работат на отстранување на „проблемот со топлината“ на моделот „Galaxy Note 7“.
OhridNews