Компанијата Самсунг направи огромен 98 инчен Ултра ХД екран, како и нов 31,5 инчен УХД монитор. Станува збор за најголемите уреди од овој тип што компанијата воопшто ги направила.
Корејскиот производител на ИФА саемот во Берлин ќе изложи три споени 98 инчни екрани и со тоа ќе добие 171 инчен екран.
Новиот 31,5 инчен УХД монитор има 8,3 милиони пиксели, додека стандардните фул ХД екрани имаат 2,07 милиони пиксели. Мониторот е наменет за професионалци кои се занимаваат со фотографии и видео материјали, ќе овозможува калибрација на боја, а има и специфичен софтвер за подесување.
Екранот од 98 инчи го носи називот “Large Format Display” или ЛФД од Самсунг. Цената и датумот на почетокот на продажбата сè уште не се познати.
OhridNews
извор:„Макфакс“