Со заминување на Русинот Сергеј Самсоненко, ќе кулминира хаотичаната ситуација во актуелниот европскиот шампион, Вардар. „Црвено црните“ втора година по ред се соочуваат со голема финансиска криза. Минатата сезона, ракометарите останаа и доиграа. Што не беше случај оваа сезона, кога Даинис Кристопанс и Павел Атман побараа и добија исписници од клубот.

Словенскиот организиратор на играта Сташ Скубе, во интервју за „Балкен Хендбол“ ја соопшти информацијата, која веднаш се рашири со оглед на реномето на Вардар.

Се надевам на позитивен исход и средување на работите во клубот. Чесно и одговорно ќе ја доиграме сезоната и ќе видиме што ќе се случува понатаму. Знаеме дека Сергеј веќе нема да биде во клубот, искрено не можам да ви кажам како ќе биде и што ќе биде следната година. Се надевам дека ќе се најде некој кој ќе го врати Вардар на патот кој го заслужува, затоа што Скопје живее за ракомет. Имам договор уште две години, но знаеме дека тој договор во моментов и не значи многу. Можам да кажам дека наскоро ќе решам, а шансите се 50-50 да останам. – изјав Скубе.

Со Самсоненко како прв човек на клубот, Вардар освои две титули во Лигата на Шампиони. „Црвено црните“ триумфирааа во 2019 и 2017 година.

OhridNews