Фудбалерите на Вардар, место честитки и поддршка после ремито без голови со Црвена Ѕвезда во контролниот натпревар во Анталија добиле ладен туш, откако сопственикот на клубот Русинот Сергеј Самсоненко најавил повлекување.

На фудбалерите им било соопштено веднаш после натпреварот и добрата атмосфера во редовите на есенскиот шампион во Првата лига била нарушена. Исто така на фудбалерите им било дадено зелено светло да си бараат трансфери во други клубови додека се уште зимскиот преоден рок е отворен.

Самсоненко не е прв пат да најави повлекување, но секој пат се враќал во клубот и продолжувал да биде главен спонзор. „Црвено црните“, покрај финансиската криза играа феноменално и поссле првата етапа во Првата лига имаат осум бодови предност во однос на второпласираната Шкендија.

Ракометниот клуб Вардар кој е аткуелен Европски шампион останува во плановите на Самсоненко, бидејќи рускиот бизнисмен најавил повлекување од фудбалскиот клуб.

OhridNews