Европскиот ракометен првак Вардар остана без двајца играчи (Даинис Кристопанс и Павел Атман) поради финансиската криза, но го издржа првиот бран и (веројатно) полека ќе почне да плови низ мирни води. Ракометарите изразиле желба да останат до крајот на сезоната во Вардар откако претседателот на клубот Сергеј Самсоненко и Михајло Михајловски дале збор за стабилизирање и исплаќање на сите плати.

Ниту ние што останавме, ниту навивачите кои ги има во голем број не сме се откажале од Вардар, а сигурен сум дека тоа никогаш нема да се случи. Сѐ останато е висока политика во која не се разбирам. Имавме состанок со Самсоненко и Михајло Михајловски, кои ни кажаа многу повеќе работи ќе се знаат до крајот на месецот. Што конкретно, не знам. Но, како и да е, до крајот на сезоната сум тука, а мислам исто размислуваат и останатите. Би сакал така да остане, да се стабилизираат работите, но засега навистина не знам ништо. – изјави хрватскиот ракометар Иван Чупиќ.

Минатата сезона, Вардар исто помина низ ваков турбелентен период но тогаш никој ракометар не замина и клубот успеа да триумфира и да ја освои титулата во Лигата на Шампиони. Годинава ситуацијата е деликатна, бидејќи Вардар остана без Кристопанс и Атман, а допрва се битките без право на грешка во ЛШ.

OhridNews