Шампионот во Србија, Црвена Ѕвезда најверојатно ќе мора да бара нов тренер, откако за сегашниот Дејан Станковиќ интерес покажала екипата на Сампдорија.

Претседателот на италијанскиот клуб Масимо Фереро бил на разговори во Белград со Станковиќ и кај двете страни имало простор за соработка, пренесуваат српските медиуми.

Станковиќ на клупата од Црвена Ѕвезда седна во 2019 година. Белградските „црвено белите“ со Станковиќ како предводник освоија две титули во српската Прва лига и играа во нокаут фазата во Лигата на Европа.

Моментален тренер на Самдорија е Клаудио Раниери.

OhridNews