Едно лице се самоуби, а уште едно е пронајдено мртво во својот дом во изминатото деноноќие соопшти СВР Охрид.

Во Вевчани вчера бил пронајден мртов маж. Екипи на СВР Охрид извршиле увид на местото на настанот, а истрагата како што ни изјави портпаролот на охридската полиција, Стефан Димоски, покажала дека се работи за самоубиство.

Во текот на вчерачниот ден во семеен дом во населбата Воска во Охрид бил пронајден мртов Џ.Ј. кој починал од природна смрт, соопшти полицијата.

оhridnews